Опис на работни задачи:
• Развивање и предлози за нови, иновативни содржини за социјалните медиуми на месечно ниво, според зададените планови на компанијата, со цел да се зголеми бројот на следбеници.
• Спроведување на кампањите на социјалните медиуми, анализа и презентирање на постигнатите резултати.
• Подготовка на бриф за маркетинг агенции за специфични активност (наградни игри, промоции на отворено и сл.)
• Развој , планирање и имплементација на промотивни активности на различни настани спонзорирани и подржани од компанијата.
• Развој на промотивни материјали наменети за комуникација на промотивните активности на компанијата.
• Нарачки на промотивни материјали, контрола на квалитет, навремени испораки и распределба на истите по филијали.
• Планирање и контрола на зададени маркетинг буџети.
• Одговарање на пораки, прашања, пофалби и поплаки кои се добиваат од сите канали на комуникација во компанијата.
• Месечни анализи и редовно следење на активностите на конкурентите (понуди, канали на комуникација, промотивни пораки и сл.)
Минимум 3 години искуство во маркетинг
(предност искуство од маркетинг агенции, FMCG)